Возачот што ја усмрти новинарката бил пијан и дрогиран

09.07.2015 17:39

По анализата, истражителите утврдиле дека возачот во крвта имал 1,52 промили алкохол, а урино тестот покажал дека бил и под дејство на марихуана...

Возачот што на 7 јули предизвика сообраќајна несреќа во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска- Павловска бил под дејство на алкохол и дрога, информираат од Јавното обвинителство.

По анализата, истражителите утврдиле дека возачот во крвта имал 1,52 промили алкохол, а урино тестот покажал дека бил и под дејство на марихуана.

Сообраќајната несреќа се случи во близина на трговскиот центар „Зебра“ во скопската населба Капиштец. Првичната истрага покажа дека 37 годишниот возач изгубил контрола над автомобилот и удрил во новинарката по што таа почина на самото место.

Анита Димитријевска