Грција се согласи на условите на кредиторите

10.07.2015 10:20

Новиот пакет мерки којшто Грција и го предаде на Еврогрупата излегува во пресрет на барањата на меѓународните кредотори, Атина да ги зголеми даноците и да ги намали државните трошоци за пензиите...

Алексис Ципрас се согласил на условите на меѓународните кредитори и на сите мерки на кои до неодамна жестоко се противеше. Новиот пакет мерки којшто Грција и го предаде на Еврогрупата излегува во пресрет на барањата на меѓународните кредотори, Атина да ги зголеми даноците и да ги намали државните трошоци за пензиите.

За возврат, ќе може да очекува од кредиторите 53,5 милијарди евра со кои до крајот на јуни 2018 година би се покриле обврските за отплата на долгот.

Мерките коишто вклучуваат и укинување на даночните олеснување за островите, треба да ги исполнат условите за нов договор со кредиторите кој Грција ќе ја спаси од банкрот и од излез од Еврозоната.