Загина жена на патот Штип-Велес
10.07.2015 10:38
Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила кај селото Сарамзалино, кога автомобилот во кој се превезувала жртвата се превртел...

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Штип-Велес, една жена го загуби животот.
Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила кај селото Сарамзалино, кога автомобилот во кој се превезувала жртвата се превртел.
Повеќе детали за несреќата од Секторот за внатрешни работи Штип најавија за денеска.
