Фармерите да се подготват за климатските промени
13.07.2015 11:18
Климатските промени ќе влијаат и на добитокот. Според експертите фармерите треба да се подготват за можните негативни ефекти...

Сценаријата за климатските промени предвидуваат поголема просечна температура, помалку врнежи, и топлотни бранови.
Се очекува помала продуктивност на добитокот, ширење на болести и штетници и недостиг на храна.
Посебно ранливи се локалните и изолирани популации на домашни животни, кои може целосно да исчезнат за релативно краток период.
Прилагодувањето треба да се прави со подобрување на расниот состав, специфични режими на исхрана и здравствена заштита.
Методија Трајков
