„Македонија вработува“ пред крушевчани
13.07.2015 12:30
Најголем број нови работни места со поволностите што ги нудат мерките отворат малите и средни бизниси. Заштедуват и до 30 насто од просечната бруто плата за период од три до пет години...

Речиси 4.000 лица добиле вработување преку проектот Македонија вработува. Најголем број нови работни места со поволностите што ги нудат мерките отворат малите и средни бизниси. Заштедуват и до 30 насто од просечната бруто плата за период од три до пет години.
Презентација на проектот „Македонија вработува“ и можностите за креирање нови работни позиции, денеска пред крушевчани. Младите до 35 години се најбараниот кадар на пазарот на работна сила, но има место и за повизрасните категории – велат надлежните.
