Револтирани превозници на Бајаково: „Подобро да си мигрант отколку шофер“

24.09.2015 12:15

700 камиони веќе четврти ден се блокирани на Бајаково. Транспортните ладилници на нашинците се полни со овошје и со зеленчук, па оттука превозниците стравуваат дека стоката може да им се расипе, ако границата наскоро не се отвори...

Блокираните транспортери се заканија дека ќе ја истурат расипаната стока на меѓуграничниот појас кај преминот Бајаково, ако Србија и Хрватска не ги тргнат меѓусебните забрани. Револтирани камионџии ги паркирале ладилниците на граничниот појас и не пропуштаат возила во знак на протест.

„Има активна блокада, што да ви кажеме друго, полошо- здравје! Подобро е да си бегалец, мигрант, отколку да си шофер“, вели еден револтиран камионџија за МТВ.

700 камиони веќе четврти ден се блокирани на Бајаково. Транспортните ладилници на нашинците се полни со овошје и со зеленчук, па оттука превозниците стравуваат дека стоката може да им се расипе, ако границата наскоро не се отвори. Штетите дополнително ќе се утврдуваат, но ако скапе храната ќе заврши во ѓубре.

„Пред мене има еден ладилник, товарен од Струмица со пипер, најдобро е да оди на Дрисла во Скопје, веќе е завршено со неа, а такви има сигурно 15, тие немаат потреба да излегуваат од граница. Жива стока нема, меѓутоа има ладилници со храна еден куп, има кондиторски производи. Пред мене има еден ладилник од Виница, од Макпрогрес. Тој е од неделата тука, а нема да тргне кој знае до кога“, вели камионџијата.

Србија го забрани увозот на хрватските производи. Претходно Хрватска го забрани товарниот сообраќај на сите гранични премини со Србија.

 

Анита Димитријевска