На неколку дена до јавниот повик, младите земјоделци со подготвени апликации
Земјоделците добиваат нова шанса за обновување на застарената земјоделска механизација. В петок стартува јавниот повик од националната програма со која од мерката 112 младите земјоделци ќе можат да аплицираат за неповратни 10.000 евра од државата, а сите оние што се во другата категорија шансата ќе ја бараат преку апликациите од програмата 121 или попозната како пола- пола.

Земјоделието и понатаму ќе биде гранка во која младите, посебно од руралните средини ќе најдат свое вработување. Митко Змејковски од општина Долнени како млад регистриран земјоделец не подолго од 18 месеци, веќе ја има подготвено својата апликација. Доколку му бидат одобрени неповратните 10 илјади евра за мерката 112 од националната програма, очекува да го замени застарениот трактор, успешно да ја продолжи над тридецениската семејна традиција, но и да биде еден од младите што ќе се спротистави на демографските промени.
„Оваа програма е одлична за нас младите за да можеме да ја обновиме наследената стара механизција да можеме да бидеме рентабилни во произвотството и да останеме во селота, а не да бараме работа во градот“, вели младиот земјоделец Митко Змејковски.
Од овој и јавните повици во изминатите неколку години, задоволни и тргоците на земјоделска механизација. Велат продажбата е зголемена за над 30 проценти, а старнските компании што ги застапуваме размислуваат за нешто повеќе.
„Најавуваат дека можно е да инвастираат во инвестирање на погони што ќе произведуваат трактори или друга земјоделска механизација“, вели сопственикот на продажна мрежа Мирко Велковски.
Свој придонес во ваквите случувања има и програмата 121 за која ке се аплицира од втората половина не месецов и во зависност од критериумите, на земјоделците им овозможува повраток на средствата од 50- 75 проценти. Само минатата година по овој основ беа одобрени над 900-тини апликаци.
„Ваквите мерки придонесоа сега возниот земјоделски парк да не биде со просечна старост од над 35 години. Само последниве две- три години имаме поделено над три илјади успешни апликации за земјоделска механизација“, вели директорот на АПРЗ, Игор Златков.
Од Агенцијата очекуваат и овој пат интересот да биде голем, затоа што ова е вистинската можност поевтино да се дојде до нова механизација без која не може да се следат трендовите на современото земјоделие.
Стевче Митревски
