Од мај „Чех Ерлајнс“ повторно ќе сообраќа на линијата Скопје- Прага
За над 22 насто е зголемен бројот на патниците во 2015, во однос на 2014 година.

Од 20-ти мај „Чех Ерлајнс“ повторно ќе сообраќа на линијата Скопје- Прага, најавено денеска на аеродромот „Александар Велики“.
Летови од Скопје кон Прага ќе има во понеделник, среда и во петок, со тргнување во 4 часот наутро и пристигнување на аеродромот „Вацлав Хавел“ во 6 часот и 10 минути. Од Прага за Скопје, пак, летовите ќе се реализираат во вторник, четврток и во недела навечер во 22:25 минути, со пристигнување на „Александар Велики“, 25 минути по полноќ.
Од 20 мај ќе има летови за Прага во понеделник и во петок, а од Прага за Скопје во четврток и во недела. Од 13 јуни односно од 14 јуни се воведува и третиот лет, полетувања за Прага во среда и за Скопје од вторник.
Според надлежните, оптимистички се првичните резултати од продажбата на билетите за летовите Скопје – Прага што стартуваше од декември.
