Прва биогасна централа и најсовремена фарма- 20 милиони евра инвестиција на ЗК Пелагонија

22.01.2016 16:45

Македонија ја доби првата биогасна централа. Капацитетот може да произведе дури три мегавати на час „зелена“ струја и е инвестиција на ЗК Пелагонија која денеска покрај биогасната централа во употреба ја пушти и новата најсовремена фарма наменета за 2.000 молзни крави. За овие капитални зафати, ЗК Пелагонија вложи 20 милиони евра...

Нашиот најголем производител на храна во чекор со светските земјоделски трндови. ЗК Пелагонија преку првата биогасна централа го промовира најсовременото еколошко решение, справување со арското ѓубре од шталите. По технологијата на негова преработка и заедничкото ферментирање со фуражната пченка во овој капацитет на час ќе произведува по три мега вати струја.

Во изградбата на првата централа од ваков вид во земјава инвестирани се 10,5 милиони евра. Од комбинатовт велат дека не застануваат тука.

„Во периодот што следува ќе изградиме но, нашата фарма во Породин уште една иста ваква биогасна централа и ќе го заокружиме производството на шест мегавати зелена струја на час. Во првата фаза инвестицијата ќе биде 10,5 милиони евра, а потоа ќе поставиме и стаклеици на површина од десет хектари и ќе бидат наменети за двете биогасни централи“, рече директотот на ДООЕЛ Пелагонија Енерџи, Драган Китановски.

Остатокот од инвестицијата отпаѓа на изградените современи штали. Комплетна сточарска технологија која обезбедува производство на здрава храна.

„Тука можат да се сместат 2.000 молзни крави и уште 1.000 грла од помладите категории. Притоа соврмената фарма доби нов толчарник и ново молзилиште ротолактор со капацитет од триста крави на час“, рече извршниот директор на ЗК Пелагонија, Томе Давков.

Класичен пример за тоа што значи еден заокружен процес од почеток до крај. Ова е патот по кој треба да се движи македдонското земјоделие и за што во иднина да се аплицира за средствата од фондовите кои не се мали, порача министерот Михаил Цветков.

„Зборувам за средствата кои како диркна помош секоја година издвојуваме 100 милиони евра и оние 50 милини евра од програмата за рурален развој. Да не ги заборавиме и Европските фондови, односно од ИПАРД 2 програмата на располагање ни стојат 106 милиони евра“, рече ресорниот министер Михаил Цветков.

За обезбедување на целосна функционалност на овој голем коплекс потребно е обезбедување на квалитетна храна, стока и земјоделска технологија.

Зиковци добро го знаат тоа правило, па само во последните три години по тој основ вложиле близу осум милиони евра.

Стевче Митревски