Квалификации во соработка со работодавачите
Стопанските комори, компаниите, и поединци бизнисмени ќе доставуваат предлози до националниот одбор за квалификации за видот и за квалитетот на персоналот. Со овој одбор се овозможува поголема мобилност на пазарот на труд...

Актуелните и идните побарувања на работодавачите за знаења, вештини и компетнеции ќе ја диктираат работата на Националниот одбор за Македонската рамка за квалификации. Знаењето и вештините стекнати според потребите на паразот на труд ќе му помогнат на поединецот полесно да се вработи и да напредува во кариерата. Според надлежните тоа за општеството би значело образовани и активни граѓани, и квалификувана работна слила.
„Од Македонската рамка за квалификации за компаниите очекуваме да овозможи регрутирање, способност, приспособливост, создавње одговорни кадри кои ќе овозможат враќање на инвестицијата во бизнисот и квалитетен производ и квалитетна услуга“, вели Анета Трајковска, Стопанска Комора.
Претставници од компании, од универзитетите во земјава и од ресорното министерство ќе работат заедно.
„Заживувањето на Македонската рамка на квалификации е можно само со вклучување на сите заинтересирани страни, а особено со систематско вклучување на работадавачите“, нагласи заменик- министерот за образование, Спиро Ристовски.
Надлежните велат дека квалификациите и вештините ќе бидат според пропишани стандарди кои ќе бидат признаени и надвор од Македонија. Овој проект се спроведува во 25 земји од кои 21 се членки на ЕУ.
Наташа Јанчиќ
