Голем интерес за проектот „Купи куќа за млади“ во Прилеп
Низ градовите во земјава се отворени 33-те канцеларии за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“. На првиот ден, голема посетеност. Граѓаните се информираа под кои услови и на кој начин можат да учествуваат во проектите и да се стекнат со сопствено живеалиште...

Прилепчани со голем интерес уште на првиот ден од отворената канцеларија за проектот „Купи куќа за млади“. Во Управата за имотно- правни односи, стручните лица цел ден одговараа на љубопитните прилепчани како да стигнат до куќа за млади.
„Јас сум заинтересиран да видам како- или за куќа или за стан. Бидејќи е вработен, има добри примања и условите да видам дали ги исполнува и кои се условите“, вели заинтересиран прилепчанец.
Канцеларијата ќе ја остварува целта- полесно да им се објаснат можностите на сите прилепчани до 35 години за проектот и за и која од можностите ќе се определат-дали со учество или на рати да стигнат до своја куќа.
„Во првиот модул, во првите осум години владата субвенционира 80 насто од ратата, а во 9, 10 и во 11-та година субвенционира 50 насто од ратата. Во вториот модул, учеството владата го плаќа 100 насто“, вели Мартина Китаноска од Управта за имотно-правни работи.
Освен за проектот „Купи куќа за млади“, прилепчани ќе се информираат и за „Купи куќа- купи стан“. Канцелариите за информации се отворени секој понеделник и вторник.
Елизабета Митреска
