Обуки: Лицата со инвалидност полесно до работа
Објавен е повик за четримесечна обука. Кандидатите три месеци ќе учат, еден месец ќе имаaт практика. Додека се едуцираат ќе добиваат 8.000 денари, а центрите за обука ќе добиваат 30.000 денари.

Лицата со инвалидност ќе се едуцираат за занимања барани на пазарот на труд. Објавен е повик за четримесечна обука. Кандидатите три месеци ќе учат, еден месец ќе имаaт практика. Додека се едуцираат ќе добиваат 8.000 денари, а центрите за обука ќе добиваат 30.000 денари.
Според надлежните, со овие обуки започнува интеграција на лицата со инвалидитет. Најавија дека во иднина ќе има сертифицирање на повеќе и за други професии барани на пазарот на труд, приспособени за лицата со инвалидитет.
Заинтересираните за обуката можат да аплицираат во некој од центрите за вработување. Првиот човек на Агенцијата, вели дека компаниите ќе можат да ги користат мерките за вработување на овие лица.
Наташа Јанчиќ
