Енергетската ефикасност- основа за долгорочен економски одржлив развој

09.02.2016 14:41

Со подготовка на акциони планови се настојува општините да можат да имплементираат што повеќе проекти што ќе направат значителни заштеда на енергија. Отвораат нови работни места и влијаат на еколошкиот аспект за намалување на штетните честички...

Вистинската примена на мерките за енергетска ефикасност, една од алатките за долгорочен економски и одржлив развој. Засега Македонија има солидна позиција во Европската енергетска заедница. Надлежните и експртите велат, на добар пат сме да ја исполниме законската рамка која предвидува до 2018 година енергетската ефикасност да достигне искористеност од девет насто.

„Во изминатите две години целосно ги запазивме планираните критериуми за искористеноста на енергетската ефикасност. Веќе имаме исполнето над триесет проценти од деветте проценти кои треба да се достигнат до 2018 година“, вели Панче Атанасовски од Агенцијата за енергетика.

Сразмерно со екомомската моќ и стандардот, Македонија е чекор понапред во она што значи искористувањето на обновливите извори во пракса.

„Регистарот на Агенцијата за обновливи извори е импозантен со 163 објекти. Важно е и што имаме и ветерен парк кој од техноошки аспект не е играчка туку капитален зафат“, вели Атанасовски.

Со цел да се има поунифицарани извештаи, но и можност за инвестирањ во други сектори, веќе година и пол преку грант од Светска банка се одвиваше техничка обука за изработка на издржани проекти.

„Овие осум пилот програми што досега ги направивме ќе ни овозможат да направиме подобри и поцелосни физибилити студии од кои бенифит ќе имат сите општини преку увидот и дадените насоки“, рече претставникот на Еконолер, Здравко Стефановски.

Имплементацијата на што поголем број вакви проекти само по себе ќе повлече заштеда на финансиски средства и енергенски, зголемување на бројот на работни места и секако еколошкиот момент за намалување на емисијата на штетните гасови.

 

Стевче Митревски