Конкурс за наградата за социјално претприемништво
Претставените идеи во рамките на програмата имаат потенцијал да бидат развиени и имплементирани како иновативно решение во областа на социјалното претприемништво.

Од денеска до 27-ми април сите заинтересирани ќе можат да се пријават на конкурсот за Наградата за социјално претприемништво за 2016 година. Во Македонија се организира по втор пат.
Наградата веќе е присутна во 12 европски земји. Претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студентите и младите во државава.
Претставените идеи во рамките на програмата имаат потенцијал да бидат развиени и имплементирани како иновативно решение во областа на социјалното претприемништво.
За најдобрите три решенија во областа на социјалните бизниси обезбедени се парични награди во висина од 3.000, 2.000 и 1.000 евра.
Четирите најдобри тимови ќе добијат и бесплатно патување во Виена.
