Саем за градежништво: Општините со парцели за „Купи куќа за млади“

23.02.2016 15:11

Повеќе од 100 компании и околу 14 општини ќе се претстават на меѓународниот Саем за градежништво што ќе се одржи од 1-ви до 5-ти март. Ќе бидат претставени проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“. За првпат општините ќе понудат земјиште за изградба на куќа за млади, а се очекува повеќе градежни компании да понудат станови со попусти...

Градежниците најавуваат големи попусти за купување стан на претстојниот Саем. Ќе се претставуват повеќе од 100 компании, но и околу 14 општини, кои ќе понудат земјиште за изградба на куќи. Организаторот најавува дека дека годинава во фокусот на саемот ќе бидат проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“.

„Оваа година во рамките на саемот ќе учествуваат и 14 општини кои ќе понудат плацеви за изградба на куќи, во рамките на проектот на Министертството за финансии- Купи куќа за млади“, изјави Валентина Димитрова, комерцијален директор на Скопски саем.

Во проектот „Купи куќа за млади“ можат да учествуваат луѓе до 35 години, со приходи за поединец до 900 евра, или 1.300 евра ако се работи за брачни другари. За идеен и изведбен проект можат да се користат бесплатните од типските куќи на Министерството за транспорт. На маса се два модела: субвенционирана рата или целосно покривање на учеството. Очекувањата и на надлежните и на градежниците беа дека со двата проекта ќе се раздвижи градежниот сектор.

 

Дијана Ценевска