Поддржан предлогот за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница

23.03.2016 13:23

Целта е да се обезбедат континуитет во вршењето на активностите од полицијата и од армијата во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

Кризната состојба на дел од јужната и северната граница на Македонија, поради мигрантската криза, да продолжи до 31-ви декември годинава- препорака од Комисијата за одбрана и безбедност.

Целта е да се обезбедат континуитет во вршењето на активностите од полицијата и од армијата во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

Првата одлука за кризна состојба, поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ државава, беше донесена во август лани, со важност од 30 дена, по што следуваше продолжување на рокот.