Дожд во котлините, снег на планините

24.03.2016 10:28

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска се очекува облачно и свежо време со врнежи од дожд.

Дождливо време во земјава. Најмногу врнежи се забележани во Пожар, Радовишко- 54 литри на метар квадратен, Пожаране, Тетовско со 25 литри, Берово 24, Тетово и Виница по 20 литри.

На повисоките места и на планините има снег. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска се очекува облачно и свежо време со врнежи од дожд.

Ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе се движи меѓу 7 и 13 целзиусови степени.