Сообраќајот без забрани, по влажни коловози
24.03.2016 11:01
Од АМСМ предупредуваат за внимателно возење поради можности за одрони во делниците кои минуваат низ клисурите...

Сообраќајот во земјава се одвива без забрани, по влажни коловози, информира АМСМ. Сепак оттаму предупредуваат за внимателно возење поради можности за одрони во делниците кои минуваат низ клисурите.
На патниот правец Велес-Скопје пред наплатната Отовица, се вршат градежни работи, како и на делницата Катланово-Велес каде што се спроведува осветлување на тунелите Солиште и Бел Камен.
Градежни работи има и на трасата Битола-Макази, а Скопје- Миладиновци- Куманово е со времено изменет сообраќај поради обнова на патниот правец.
