Во недела понува летното сметање на времето

24.03.2016 12:08

В недела часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот...

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред в недела во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето. В недела часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот.

Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела во октомври во три часот наутро кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.