ДИК: Во тек е обуката за контролори за спроведување на теренска проверка

24.03.2016 13:01

80-тина раководители и вработени во подрачните единици на ДИК по обучувањето ќе ги едуцираат и овластените анкетари кои ќе ги посетуваат граѓаните за проверка на податоците.

Во тек е обуката на контролорите за спроведување на теренската проверка на околу 90 илјади сомнителни гласачи во избирачкиот список.

80-тина раководители и вработени во подрачните единици на ДИК по обучувањето ќе ги едуцираат и овластените анкетари кои ќе ги посетуваат граѓаните за проверка на податоците.

Анкетниот лист ќе биде на македонски и на албански јазик и ќе содржи три групи прашања, за присуството на испитаникот, за генералиите и забелешка на анкетарот.