Притвор за уште еден од уапсените во акцијата „Фабрика за афери“
25.03.2016 10:43
Се товари за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

За уште едно од лицата кои во спроведувањето на акцијата за предметот познат како „Фабрика за афери“ беа лишени од слобода, надлежен јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор.
Се товари за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Од Јавното обвинителство наведуваат дека тројца, по оценка на обвинител, не се задржани во полициска станица.
Од Јавното обвинителство соопштија дека продолжува истрагата за предметот „Фабрика за афери“. Беа уапсени петмина, од кои за едно лице беше одредена мерка притвор.
