Спасовски: Институциите будно ја селдат ситуацијата и лицата повратници од Сирија

25.03.2016 12:16

Посебно внимание треба да се посвети на лицата што учествувале на боиштата на Блискиот Исток...

По терористичките напади во Брисел, македонските надлежни инситуции будно ја следат ситуацијата како превентива од можни закани, вели министерот за внатрешни Спасовски. Посебно внимание треба да се посвети на лицата што учествувале на боиштата на Блискиот Исток.

„Веднаш по нападите во Франција се подигна нивото на безбедност и тоа сѐ уште трае. Ние имаме повратници кои биле во Сирија и се наоѓаат на територијата на Република Македонија. МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање и другите надлежни органи ги следат сите лица повратници од боиштата на Истокот и настаните, се со цел да превенираме каков било настан кој може да ја загрози безбедноста на граѓаните на Република Македонија“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска присуствуваше на претставување на системот за присилно запирање „Стингер“, во Центарот за обука во Идризово.