Агенција за медиуми: Новинарските принципи и стандарди треба да се издигнат на повисоко ниво

25.03.2016 16:15

„Се чувствува пад во стандардите во новинарството и тоа веднаш треба да се поправи“- заклучок од јавниот состанок во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според говорниците, потребен е силен радиодифузен сервис, но и почитување на стандардите од сите медиуми...

„Новинарските принципи и стандарди треба да се издигнат на повисоко ниво- се чуствува пад во најсилната општествена професија“- заклучок на состанокот во Агенцијата за медиуми посветен на новинарските принципи.

Сопствениците на медиумите треба да прават разлика меѓу деловниот, политичкиот и приватниот интерес, наспроти професионалното известување, и треба да овозможат на сите медиумски професионалци независно и непречено да ја работат својата работа- вели директорот на Агенцијата за медиуми, Зоран Трајчевски.

Според професорката Јасна Бачовска- Недиќ потребен е силен јавен сервис, а за новинарската професија да се воведат стандарди. Според неа нема независно новинарство, но потребно е да се слушнат различните вистини. Потребно е, вели Недиќ, многу да се работи на слободата на изразување.

Заедничка акција на новинарските здруженија, кои сега се поларизирани, е еден од клучните елемнти за враќање на општествената моќ на медиумите.

 

Миле Ристески