„Тортура“: СЈО отвора истрага за апсењето на Бошкоски
Осомничени се 7 лица, а првоосомничен е екс директорот на УБК. Обелоденето беше дека бил побаран и предметот за акцијата „Шпион“ по која со правосилна пресуда во 2014-та, 17 лица беа осудени на затворски казни за повеќе кривични дела...

Специјалното јавно обвинителство отвора нова истрага „Тортура“ за апсењето на екс министерот за внатрешни Љубе Бошкоски.
Осомничени се 7 лица, а првоосомничен е екс директорот на УБК. Обелоденето беше дека бил побаран и предметот за акцијата „Шпион“ по која со правосилна пресуда во 2014-та, 17 лица беа осудени на затворски казни за повеќе кривични дела.
Обвинителката Јанева најави дека деновиве ќе бидат побарани и случаите „Маѓар телеком“ и за поранешниот прв разузнувач Верушевски и неговиот син.
Во февруари обвинителството го отвори случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности.
