Стартува теренската проверка за 89.383 гласачи
Анкетарите ќе ги посетуваат граѓаните на домашна адреса. Доколку не бидат пронајдени дома, ќе бидат посетени уште еднаш, а доколку и тогаш не бидат анкетирани, на граѓаните ќе им биде доставено известување за да дојдат во подрачното одделение на Државната изборна комисија.
Стартуваше теренската проверка на околу 89.383 спорни записи во избирачиот список. Анкетарите од изутрината се на терен. Се очекува теренската проверка да заврши за десетина дена.
Анкетарите ќе ги посетуваат граѓаните на домашна адреса. Доколку не бидат пронајдени дома, ќе бидат посетени уште еднаш, а доколку и тогаш не бидат анкетирани, на граѓаните ќе им биде доставено известување за да дојдат во подрачното одделение на Државната изборна комисија.
Претседателот на Државната изборна комисија, Чичаковски вели дека се прават сите напори за да бидат запазени законските рокови за пречистување на избирачкиот список.
Комисијата уште еднаш ќе ги разгледува опциите за евентуална проверка на околу 124 илјади граѓани што се на привремена работа во странство или се иселени.