Продолжено работното време во Кисела Вода за поднесување барања за легализација

29.03.2016 12:28

Граѓаните потребната документација можат да ја достават во архивата на општина Кисела Вода, сместена во барака 6, при општина Кисела Вода.

Општина Кисела Вода во пресрет на завршување на продолжениот рок за поднесувања барања за легализација на бесправно изградени објекти, денеска и утре ќе работи до 20 часот, односно до 24 часот.

Граѓаните потребната документација можат да ја достават во архивата на општина Кисела Вода, сместена во барака 6, при општина Кисела Вода.

Согласно законските измени, за новоподнесените барања е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на наредната година.