ДИК го објави списокот на неконзистентни записи во избирачкиот список
29.03.2016 13:05
Од првичниот увид, од близу 90 илјади граѓани, најголем дел се етнички албанци...

Државната изборна комисија на својата веб- страница го објави списокот со лицата кои имаат неконзистентни записи и подлежат на теренска проверка. Од првичниот увид, од близу 90 илјади граѓани, најголем дел се етнички албанци.
Ова, како што велат од Комисијата, е поради транспарентност на целиот процес. Теренската проверка на податоците на 89.383 гласачи за кои постојат така наречени „неконзистентни записи“ во избирачкиот список и другите дата бази од државните институции, се врши со 488 анкетари во 80 општини во земјава.
Според ДИК, првиот ден од проверката помина без посериозни проблеми и се очекува да заврши до 3-ти април.
