Остри тонови на Комисијата за политички систем
29.03.2016 13:08
Процедуралните забелешки беа оневозможени од пратениците на СДСМ, кои се противат на носењето на измените...

Одново остри тонови на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Таа треба да расправа за измените во Законот за кривична постапка, кои владините партии ги предлагаат по скратена постапка, но два пати беше одложувана поради реакциите на СДСМ, откако на седницата не се појави претставник од Владата.
Процедуралните забелешки беа оневозможени од пратениците на СДСМ, кои се противат на носењето на измените, со кои како што велат, треба да се оневозможи работата на Специјалното јавно обвинителство.
