Поднесени 50.000 нови барања за легализација
Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, апелираше да се искористи можноста за легализација, потенцирајќи дека по истекот на рокот нема да се примаат нови барања.

Утре е краен рок за поднесување барања за легализација на диво изградени објекти. Досега во дополнителниот рок пристигнале 50 илјади нови барање, а најголем дел биле поднесени во Гостивар, Струмица, Куманово и во Охрид. Во Ѓорче Петров досега биле решени над 80 насто од барањата за легализација.
Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, апелираше да се искористи можноста за легализација, потенцирајќи дека по истекот на рокот нема да се примаат нови барања.
„Апелирам секој граѓанин кој има потреба да достави барање да си го фати редот. Утре завршува законскиот рок по што нема да можат да достават дополнително барање“, изјави Мисајловски, кој присуствуваше на доделување нови 74 решенија за легализација во општина Ѓорче Петров.
Мисајловски очекува денеска и утре да се зголеми бројот на новите барања
