Мемети: Потребни се реформи за поголема контрола на полицијата
30.03.2016 13:37
Народниот правобранител вели дека внимателно се следи полициското постапување и преземените мерки за присилба...

Во Македонија се потребни реформи за поголема контрола на полицијата, смета народниот правобранител. Мемети вели дека внимателно се следи полициското постапување и преземените мерки за присилба.
Досега се поднесени 18 барања за казнена одоворност на припадници на полицијата, но тешко оди спроведувањето на казната.
