Советот на јавни обвинители не и ги дава на Јанева „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“

30.03.2016 15:07

Јанева на кратко беше на денешната седница и изјави дека Законот ѝ дава целосна автономија да не образложува зошто ги бара во надлежност случаите

Специјалното јавно обвинителство нема надлежност врз предметите што се во постапка во Основното јавно обвинителство и во Обвинителството за гонење организиран криминал, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски. Смета дека обвинителката Јанева не го почитува Советот.

Јанева на кратко беше на денешната седница и изјави дека Законот ѝ дава целосна автономија да не образложува зошто ги бара во надлежност случаите „Маѓар Телеком“ и за екс- разузнавачот Верушевски и неговиот тим.