Притвор за првоосомничениот во случајот „Тврдина“
По повеќе од 8 часа распит, а по барање на Специјалното јавно обвинителство, мерката ја изрече судија на претходна постапка...

Првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началник во оддел на УБК, заработи 30-дневен притвор. По повеќе од 8 часа распит, а по барање на Специјалното јавно обвинителство, мерката ја изрече судија на претходна постапка.
На одлуката, осомничениот има право на жалба во рок од 24 часа. Судот вчера го одби барањето за претрес во неговиот дом, кој е осомничен за уништување на опремата за прислушување во МВР.
За преостанатите четворица осомничени, не беше побаран притвор, освен мерки на претпазливост
„Тврдина“ е новиот случај што ќе го истражува Специјалното јавно обвинителство. Според специјалното обвинителство, во првата половина од 2015-та година, со умисла ги уништиле системите за следење на комуникациите.
