Македонија и БиХ договорија заедничко дипломатско претставништво
По примерот на амбасадата во Париз, договорен со Црна Гора, Македонија овој пат со Босна и Херцеговина договори заедничко дипломатско претставништво. Главна цел е намалување на трошоците.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во Драч учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан. Доцна синоќа, шефот на македонската дипломатија оствари средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Било разговарано за политичката состојба во Македонија.
По примерот на амбасадата во Париз, договорен со Црна Гора, Македонија овој пат со Босна и Херцеговина договори заедничко дипломатско претставништво. Главна цел е намалување на трошоците.
Шефот на дипломатијата Попоски ја посети и општина Пустец, каде што се сретна со претставници на македонската заедница од повеќе општини од Република Албанија.
Станало збор за можностите за поголема прекугранична соработка во Преспанскиот регион, со акцент на екологијата и еко-туризмот, како и на можностите за подобрување на инфраструктурата, што локално ги поврзува Македонија, Албанија и Грција.
