Финансиска поддршка за земјоделските задруги

31.03.2016 10:20

До 15-ти април земјоделските задруги можат да достават барања за субвенционирање на нивното основање и работење. Дополнително првата година, управителот и едно стручно лице ќе ги плаќа државата...

За директорот и еден агроном или ветеринар, земјоделски задруги за првата година имаат право да побараат субвенции во висина од една просечна плата.

Финансиската поддршка е неповратна, а средствата се предвидени за основање и за работењето на регистрираните земјоделски задруги.

Субвенциите за осигурителните полиси за задругарите се повисоки и се од 70 до 80 во зависност од големината  на задругата, но не повеќе од 3 милиони денари на годишно ниво.

Барањата се доставуваат секои три месеца, а првиот рок е до 15-ти април годинава. Досега се запишани 29 земјоделски задруги од кои 24 од мал и 5 од голем обем, со вкупен капацитет од 870 хектари обработлива површина, 260 пчелни семејства, 450 говеда, 250 овци и 200 кози.

 

Методија Трајков