Истекува рокот за поднесување барања за легализација на дивоградби
Пролонгирањето на рокот за доставување геодетски елаборат за една година беше направено на граѓаните да им се остави простор да имаат време да ги достават елаборатите, кои се клучен документ во процесот на легализацијата, а геодетските фирми полесно да ја вршат работата, велат од ресорот транспорт и врски.

Денеска истекува пролонгираниот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби. Досега има нови 50 илјади барања. За новоподнесените, рокот за доставување геодетски елаборати е до крајот на идната година.
Пролонгирањето на рокот за доставување геодетски елаборат за една година беше направено на граѓаните да им се остави простор да имаат време да ги достават елаборатите, кои се клучен документ во процесот на легализацијата, а геодетските фирми полесно да ја вршат работата, велат од ресорот транспорт и врски.
Сѐ уште трае и можноста за социјално ранливите категории да добијат бесплатни елаборати. Досега се изработени 5 илјади и 300 вакви документи.
Од 2011-та година досега, правен статус добија 147 илјади нелегално изградени објекти.
