Сѐ уште трае вештачењето на остатоците од италијанскиот Пајпер

20.09.2016 14:57

Од македонското Јавно обвинителство велат дека се вештачат остатоците на авионот, и оттаму истрагата за причините за несреќата треба да потрае извесно време. Истражителите, за таа цел, издадоа и наредба радиусот на несреќата да биде снимен и со беспилотно летало-дрон.

Паралелно, во македонското и италијанското обвинителство, во тек се истражните активности поврзани со несреќата со италијанскиот Пајпер во која загинаа шест патника, меѓу кои еден беше и пилот.

Од македонското Јавно обвинителство велат дека се вештачат остатоците на авионот, и оттаму истрагата за причините за несреќата треба да потрае извесно време. Истражителите, за таа цел, издадоа и наредба радиусот на несреќата да биде снимен и со беспилотно летало-дрон.

Се споредуваат и податоците кои во Тревизо, аеродромот од каде полета Пајперот, ги собира италијанското обвинителство, и кои се однесуваат на маршрутата на летот, видот на користеното гориво, изјави од тамошната контрола на летање.

Во Скопје се земени и изјави на двата пилота на комерцијалните летови кои слетаа на аеродромот „Александар Велики“ по несреќата на Пајперот.

Инаку, хаваријата се случи пред две недели во местото Јасиковец, крај катлановско Кожле, а на патниците, сите италијански државјани, меѓу кои еден и со косовска патна исправа, крајната цел им била Приштина, Косово.