Авантурите на Петко на МТВ од средината на октомври
Играната ТВ детска серија „Пет плус“ инспирирана од авантурите на познатиот лик Петко повторно се враќа на малите екрани, овој пат на јавниот сервис. Најмладата генерација од средината на октомври ќе ужива во новите епизоди. Проектот е поддржан од Британската амбасада...

Играната ТВ детска серија „Пет плус“ инспирирана од авантурите на познатиот лик Петко повторно се враќа на малите екрани, овој пат на јавниот сервис. Најмладата генерација од средината на октомври ќе ужива во 40 нови епизоди во кои се прикажани лудориите на Петко и неговите пријатели. Во продолжението на серијалот ќе се емитуваат и десет нови детски песни.
„Се надевам дека проектот „Пет плус“ кој го склучуваме со продукција „ОХО“ поддржан од Британската амбасада, само ќе не води во правец на подобрување на програмата. Сепак овоа не е меморандум којшто го потпишуваме за едногодишна соработка, туку ја поддржуваме соработката во следните неколчку години“, изјави Диме Ратајкоски, главен и одговорен уредник на првиот програмски свервис на МТВ.
„Убаво е вака после 10 години работа Петко и фамилијата да се вратат во една средина каде што и природоно припаѓаат. Мислам дека за такви медиумски иницијативи МТВ е местото каде што треба да растат и да се равиваат“, изјави Пеце Талески, продукција „ОХО“.
Проектот е поддржан од Британската амбасада. Потпишаниот меморандум го официјализираше стартот на соработката.
„Програмата што ќе се емитува е многу забавна за децата, но освен тоа здружените сили на МТВ и на ОХО продукцијата креираат нешто што се фокусира на различностите во македонското општество“, вели амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Гарент.
Детската емисија „Пет плус“ веќе десетина години се емитува во етерот, а епизодите се наменети за децата од четири до девет години.
Анита Димитријевска
