Одложено судското рочиште за случајот „Поткуп“
Осомничениот Заев бил на службено патување. Судијката информираше дека, на 12 септември примиле известување од бранителот на Заев дека за негово отсуство на денешното рочиште поради службено патување во Тирана на состанокот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Одложено судењето за случајот „Поткуп“. Осомничениот Заев бил на службено патување. Судијката информираше дека, на 12 септември примиле известување од бранителот на Заев дека за негово отсуство на денешното рочиште поради службено патување во Тирана на состанокот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во судот не се појавија ниту бранителот на Заев, Филип Медарски, ниту сведокот Иван Николов.
Заев, според обвинителството, како градоначалник на Општина Струмица, од бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое оштетениот бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, половина од парите биле наменети за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.
