Од климатските промени најмногу ќе страда житото
Пролетните и житните култури кај нас ќе бидат најзагрозени од климатските промени. Експертите препорачуваат штедење на водните резерви кои за 40 години може да бидат помали и за 50 проценти...

Прво промена на сортите, а потоа и одгледување на целосно нови култури на нивите, е експертската насока за справување со последиците од климатските промени.Се препорачуваат и автохтоните сорти како најадаптирани, кои со селекција може да развијат нови особини отпорни на претстојните измени на временските влијанија.
Експертите сметаат дека со поголемата конкурентност, квалитет и безбедноста на храната, потоа со штедењето на ресурсите и подобрување на условите во селските средини можно е ублажување на последиците од климатските промени и одржување на земјоделството во кондиција.
Исто така, од намалувањето на врнежите и на резервите со вода што во наредните децении драстично ќе се почувствува најмногу ќе страда земјоделството во централниот дел на Македонија, односно во регионите по течението на реката Вардар.
Методија Трајков
