Продолжува расправата за извештајот на СЈО

23.09.2016 10:37

Вчера попладне поради, како што информира, влошена здравствена состојба, Катица Јанева порано ја напушти седницата.

Во Собранието во 13 часот, најавено е продолжение на седницата на Комисијата за политички систем на која треба да продолжи расправата за извештајот на Специјалното јавно обвинителство.

Вчера попладне поради, како што информира, влошена здравствена состојба, Катица Јанева порано ја напушти седницата.

Жал ми е што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата и им се извинувам на сите пратеници што не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата, вели Јанева во пишаната изјава до медиумите.

Во меѓувреме, како што информираат од СЈО, побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.