Ципрас и Бан Ки мун разговарале и за името

23.09.2016 11:46

Според грчки владини извори, генералниот секретар на ОН ги смета за „особено позитивни“ мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција.

Прашањето за името на Македонија била една од темите за кои разговарале грчкиот премиер Алексис Ципрас и генералниот секретар на ОН Бан Ки мун. На средбата во Њујорк бил присутен и медијаторот Метју Нимиц.

Според грчки владини извори, генералниот секретар на ОН ги смета за „особено позитивни“ мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција.

Ципрас повторил дека Грција има цврст став за прашањето за името, но и оти вложува напори да се најде решение за сложено име со георгафска одредница за вкупна употреба.