Комичната опера „Рита“ во Струга и Охрид
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите, на брачните недоразбирања, со комичен, но среќен завршеток.

Вечерва со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, Македонската Опера и Балет ќе гостува со камерната комична оперска претстава „Рита“ од Гаетано Доницети. Истата претстава во петок, со почеток во 20 часот, ќе се изведе и во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, соопштуваат од МОБ.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите, на брачните недоразбирања, со комичен, но среќен завршеток.
Настапува млада солистичка екипа, која ја сочинуваат: Полина Тасева, како Рита, Јане Дунимаглоски, Невен Силјановски и Борко Биџовски. Режисер е Трајко Јордановски, а диригент, Ѓурѓица Дашиќ.
Средствата од претставата ќе бидат наменети за поплавените подрачја во Скопско.
