Смени во МВР

Спасовски со 11 измени во полицијата

29.09.2016 16:41

Министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, именуваше нови 11 раководители. Вели дека направил проценка оти на тој начин ресорот ќе функционира нормално до изборите. Дополнителниот – заменик вели дека е ова прекршување на законот за преодна влада. Ќе поднесе тужби...

Нови раководители на 7 сектори и 4 оддели во МВР. Ресорниот министер Спасовски вели дека постапува законски и според измените во законот за влада и договорот од Пржино. Сменети се првите луѓе во секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип, Охрид, Велес и Струмица. За началник на Одделот за организиран криминал е назначен Кирил Митиќ, Драган Симоновски е поставен за началник на Секторот за прикриени информации, а Примислав Димовски се враќа на чело на посебната едница Алфи. Тоа го направив со единствена задача до изборите МВР да функционира нормално, изјави министерот Спасовски.

Одлуката за кадровски смени е спротивна на законот за Влада, смета дополнителниот заменик министер за внатрешни Андонов. Тврди дека Спасовски не го почитувал ниту принципот на хиерархиско унапредување.

Според договор од Пржино на министерот за внатрешни работи му е дозволено по вертикала да смени 15 раководни службеници и да прераспредели 10 насто кадри на хоризонтално ниво во полицијата.  

 

Игор Панов