Судското рочиште за „Дива населба“ отворено за јавноста
30.09.2016 10:13
Обвинителниот акт товари 37-мина обвинети за тероризам и логистичка поддршка во минатогодишните мајски вооружени инциденти во Куманово.

По исказите на заштитените сведоци, продолжува доказната постапка за предметот „Дива населба“. Судското рочиште е одново отворено за јавноста.
Обвинителниот акт товари 37-мина обвинети за тероризам и логистичка поддршка во минатогодишните мајски вооружени инциденти во Куманово.
При справувањето со терористичката група загинаа 8-мина припадници на Министерството за внатрешни работи.
