Пченицата ќе се сее на 80.000 хектари
Почнаа подготовките за есенската сеидба. Со житни култури се очекува да бидат насеани истите површина од лани, односно скоро 115.000 хектари. Пченицата ќе ја има на најголемиот дел од нивите...

Есенва почна со добри услови за подготовка на полињата за сеидба. Во Македонија, како и лани се најавува житните култури да бидат посеани на 115.000 хектари, а најмногу од нив пченицата на 80.000 хектари.
Во Пелагонија земјоделците веќе сметаат дека есенската сеидба може непречено да почне. Има одлични временски услови за подготовка на земјоделските површини, а квалитетот на почвата е таков како што треба да биде.
Во пелагониската житница треба да се насеат 24.000 хектари од кои најмногу со пченица и јачмен, но и со индустриски култури од кои ќе доминира грашокот.
Ќе се сее и луцерката на површина од 1.000 хектари, како и маслодајната репака која ќе ја има на површина од 2.000 хектари.
Методија Трајков
