Премиерот Димитриев на погребот на Шимон Перес во Израел

30.09.2016 10:32

На погребот на поранешниот претседател и премиер на Израел и добитник на Нобеловата награда за мир, ќе присуствуваат голем број светски лидери, меѓу кои како што е најавено ќе бидат американскиот претседател Барак Обама, францускиот претседател Франсоа Оланд...

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска во Ерусалим ќе присуствува на државната меморијална церемонија и државен погреб на деветтиот претседател на Израел Шимон Перес. Церемонијата на државниот погреб на Перес, кој почина во средата на 93-годиншна возраст ќе биде одржана на израелските национални гробишта Гора Херци во Ерусалим.

На погребот на поранешниот претседател и премиер на Израел и добитник на Нобеловата награда за мир, ќе присуствуваат голем број светски лидери, меѓу кои како што е најавено ќе бидат американскиот претседател Барак Обама, францускиот претседател Франсоа Оланд, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, германскиот претседател Јоаким Гаук и британскиот принц Чарлс, ќе им се придружи и палестинскиот претседател Махмуд Абас.