Конференција за подигнување на безбедноста на сообраќајот во регионот
30.09.2016 10:55
На неа ќе учествуваат шефовите на националните тела за безбедност во сообраќајот, универзитетски професори, претставници од министерствата за внатрешни работи, сообраќајни стручњаци.

Меѓународна конференција за зголемување на безбедноста во сообраќајот во Југоисточна Европа се одржува денеска во Скопје. На неа ќе учествуваат шефовите на националните тела за безбедност во сообраќајот, универзитетски професори, претставници од министерствата за внатрешни работи, сообраќајни стручњаци.
Претседателот Ѓорге Иванов ќе го отвори меѓунарониот собир за справување со безбедноста во патниот сообраќај во Југоисточна Европа.
