ФОЛК- ФЕСТ Валандово нема да се одржи поради одлуката на ЗАМП

30.09.2016 11:29

Оваа одлука општината ја донесе бидејќи авторите на композициите кои треба да се изведат на ФОЛК-ФЕСТ Валандово 2016 година, се истите автори кои се и членови на ЗАМП...

Поради одлуката на ЗАМП за забрана на јавно емитување на македонска музика, Општина Валандово одлучи дека ФОЛК-ФЕСТ Валандово 2016 година нема да се одржи во утврдениот термин на 30-ти септември и 1-ви октомври.

Оваа одлука општината ја донесе бидејќи авторите на композициите кои треба да се изведат на ФОЛК-ФЕСТ Валандово 2016 година, се истите автори кои се и членови на ЗАМП, а поради тоа фестивалот нема да може да биде пренесуван на МРТВ.

Доколку биде решен проблемот со ЗАМП, дополнително јавноста ќе биде информирана за новиот термин на одржување на ФОЛК-ФЕСТ Валандово 2016 година.