Скопје и Тирана се збратимија
Градоначалниците од македонската и албанската престолнина, Коце Трајановски и Ерион Велијај, очекуваат со ова да се продлабочи соработката на сите полиња, да се разменуваат знаења и искуства, да се продалбочат пријателските врски.

Скопје и Тирана се збратимија- градоначалниците од македонската и албанската престолнина, Коце Трајановски и Ерион Велијај, очекуваат со ова да се продлабочи соработката на сите полиња, да се разменуваат знаења и искуства, да се продалбочат пријателските врски.
Ми претставува особена чест што денеска го потпишавме овој договор за соработка, односно договор за збратимување, како еден од највисоките документи за соработка меѓу два града. Ова збратимување има големо значење за Скопје зашто ние доаѓаме од две соседни земји кои негуваат одлична соработка, изјави Трајановски.
Градоначалникот на Тирана, Велиај, истакна дека со задоволство очекува размена на искуства за работењето на Град Скопје, за успешното функционирање на јавните претпријатија, за сообраќајните решенија и за менаџирањето со кризните ситуации.
