Достоинствена старост за старите лица
Македонија старее, се зголемува старосната животна граница. Лицата од третото доба кај нас наоѓаат најразлични начини за квалитетно живеење. Утре е Светскиот ден на старите лица.

Времето полесно минува со луѓе- раскажува дивна која четири години го посетува Центарот за стари лица. Вели пензионерите тука се дружат, разменуваат искуства, надополнуваат нова енергија во животот. 120 луѓе од третото доба во овие центри бараат утеха од осаменоста.
„За мене од посебно значење се активностите што ги вежбаме во рамките на чи конг вежбите кои придонесуваат да ја задржиме нашата физичка и ментална енергија. Но, исто така, имаме и проверка на здравјето имаме медицински предавања за храната во нашата возраст, за болести кои најчесто се јавуваат“, вели Дивна Лакинска, корисник на Центарот за стари лица.
Овие луѓе во домовите секоја недела ги посетуваат волонтери од Црвениот крст, им делат совети, одат со нив на прошетка. Во тимот има и медицински сестри.
„Ги поддржуваме од аспект на социјален разговор, одиме со нив на прошетка, пазаруваме со нив им помагаме во грижата за домот“, вели Елеонора Андонова, волонтер во Црвениот крст.
„Секојдневно се присутни во домовите на лицата во третото дома за да им се подобрат условите за живот и да направиме нивното секојдневие да биде малку поразлично исполнето со многу топлина, грижа и секако промоција на она што значи семејно живеење“, изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар во Црвен крст - Скопје.
Да им овозможиме достоинствена старост на старите лица, која не значи само пензија туку и повисок животен стандард- рече минсистерката за труд и социјална политика Ременски, при посетата на домот за стари лица „Мајка Тереза“.
„Продолжуваат сите активности во делот на поттикнувањето на институциите на државата и на приватните лица во инвестиција за сместување на старите лица, но исто така, и државна субвенција за помош на лицата кои немаат средства и услови да го платат сместувањето во приватните или во државните установи за згрижување лица“, рече министерката Ременски.
Популацијата во светот сѐ повеќе старее, а Македонија не е исклучок. Според статистиката, 15 проценти од вкупното население во земјава се стари лица над 60 години.
Андријана Атанасовска
